• петок, 22 ноември 2024

Domino’s pizza не ги придоби Италијанците, ја затвори и последната продавница

Domino’s pizza не ги придоби Италијанците, ја затвори и последната продавница
Рим, 10 август 2022 (МИА) - По седум години откако започна со работа во Милано, американскиот ланец Domino’s pizza ја напушти Италија, откако не успеа да ги придобие Италијанците. Гигантот на пазарот за брза храна ја затвори и последната од своите 29 продавници на Апенинскиот Полуостров, по борбата да се позиционира во земјата што покажа оти тешко е да се придобие нејзиното население. Доминос пристигна во Италија во 2015 година и планираше да ги придобие граѓаните со „чисто италијански“ состојки. Плановите на компанијата да ги „намами“ Италијанците со достава на пица, беа урнати од пандемијата, откако и домашните пицерии масовно се свртија кон испорака на адреса поради мерките за ограничување со цел да се спречи ширење на коронавирусот. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан