• понеделник, 23 декември 2024

„Ју-ту“ донира 10 милиони долари за борба против коронавирусот

„Ју-ту“ донира 10 милиони долари за борба против коронавирусот
Даблин, 9 април 2020 (МИА) - Ирскиот поп-рок бенд „Ју-ту“ дари 10 милиони долари за борба против коронавирусот во својата земја. Парите ќе бидат искористени за поддршка на здравствените работници и купување заштитна опрема. Дел од опремата финансирана од бендот веќе пристигна на аеродромот во Даблин, објави ирската телевизија РТЕ. Ирскиот премиер Лео Варадкар им се заблагодари на рокерите. - „Иако владата нарача количина опрема што во нормално време би била доволна за 13 години, секоја помош од приватниот сектор и јавноста е добредојдена“, напиша тој на Твитер. „Ју-ту“ со години се дел од многу национални, но и светски општествено-политички проекти. Во Ирска досега околу 6.000 луѓе се заразени со коронавирус, а 235-мина починале.  си/

Остани поврзан