• сабота, 23 ноември 2024

„Стратегии за изучување на холокаустот во Република Северна Македонија“ на ИДКНА

„Стратегии за изучување на холокаустот во Република Северна Македонија“ на ИДКНА
Скопје, 9 ноември 2020 (МИА) - Секторот за образование и проучување на холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) подготви „Стратегии за изучување на холокаустот во Република Северна Македонија“ што опфаќа истражување на научници, историчари и едукатори. Целта е изданието да послужи како алатка за подобро изучување на оваа тема. Поводот е сеќавање на  9 ноември 1938, датум кој во историјата на холокаустот е познат како Кристална ноќ кога се случило насилство со палење на синагогите во Германија, еврејските книги и и пустош врз еврејските домови и дуќани. На улиците останале скршени стакла и прозорци и со тој ден се означува и почетокот на прогонот на Евреите и холокаустот. - Веќе пет години по ред со комеморативна активност го одбележуваме овој настан, со пригодна програма во името на жртвите, но овојпат поради пандемијата не сме во можност тоа да го сториме и во живо. Сепак, даваме придонес и сакаме и денеска да потсетиме за важноста на изучувањето на оваа тема и поддршката од наша страна кон зајакнувањето на образовниот систем во оваа насока, соопшти ИДКНА. Институтот наведува дека како научна институција има одговорност да им даде правец на наставниците, учениците, едукаторите и кои треба да бидат целите за изучување на холокаустот. Партнери во научно-истражувачката работа на Институтот се „Јад Вашем“ од Израел, „Центропа“ од Австрија и  д-р Рашел Леви Друмер. хс/ац/

Остани поврзан