• понеделник, 23 декември 2024

„Ајфон 12 - 5-Г“ со нов екран и нов изглед (видео)

„Ајфон 12 - 5-Г“ со нов екран и нов изглед (видео)
Лос Анџелес, 14 октомври 2020 (МИА) - По подолго исчекување, Епл ги претстави својот најнов паметен телефон „Ајфон 12 - 5-Г“, како и неговите „мини“ и „про“ верзии, со нов екран и нов изглед. „Ајфон 12 - 5-Г“ чини 1.099 американски долари, а „Ајфон 12 - 5-Г мини“ - 999 долари. Тие се одликуваат со поквалитетно снимање во темно, „Ха-де-ер долби вижн“ видеа, како и со 50 отсто побрз процесор. Како полнач, како што велат од компанијата, ќе се користи нов, еколошки кабел што за своето производство изискува помала употреба и испуштање јаглерод. И новите паметни телефони ќе бидат водоотпорни. Епл ги претстави и двете верзии „Ајфон 12 - 5-Г про“ со екрани од 15,5 и 17 сантиметри, но и поквалитетна камера, односно 2,5 пати поголем зум. Овие модели ќе бидат достапни во темносива, сребрена, златна и сина боја. Помалиот модел излегува задутре, на 16 октомври, а поголемиот - на 6 ноември. си/ссм/ https://youtu.be/65JrtwtTOdc

Остани поврзан