• петок, 05 јули 2024

Џо Бајден ќе учествува на Самитот на ЕУ в четврток

Џо Бајден ќе учествува на Самитот на ЕУ в четврток

Брисел, 23 март 2021 (МИА) - Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, на Твитер објави дека американски претседател Џо Бајден ќе учествува преку видео линк на првиот ден од самитот на Европска Унија в четврток.

- Со нетрпение чекам да го примам претседателот на САД на средбата на Европскиот Совет оваа недела. Го поканив претседателот на САД да ни се придружи на средбата за да ги сподели со нас неговите погледи за иднината на нашата соработка. Време е повторно да се изгради трансатлантскиот сојуз, напиша Мишел на Твитер. тм/ми/

Тагови

Остани поврзан