• сабота, 29 јуни 2024

Џорџија повторно ја потврди победата на Бајден

Џорџија повторно ја потврди победата на Бајден
Вашингтон, 7 декември 2020 (МИА) - Џорџија денеска повторно ги сертификува резултатите од претседателските избори на 3 ноември, потврдувајќи дека новоизбраниот демократски претседател Џо Бајден победи во таа американска држава, се наведува во соопштението на државниот секретар Бред Рафенспергер. Повторното сертифицирање следеше по рачно пребројување на гласовите што побара ревизијата и формално пребројување, што беше побарано од тимот на републиканскиот претседател Доналд Трамп. Во двата наврата победата на Бајден беше потврдена, се додава во соопштението. паг/

Остани поврзан