• понеделник, 23 декември 2024

Џон Дејвид Вашингтон: Дензел е поголем од животот

Џон Дејвид Вашингтон: Дензел е поголем од животот

Лос Анџелес, 10 октомври 2022 (МИА) - И покрај тоа што го издлаби својот холивудски успех во филмовите „Тенет“ и „Црниот член на ККК“ (BlacKkKlansman), Џон Дејвид Вашингтон знае дека секоја приказна за него неизбежно ќе го означикува како „синот на Дензел“.

Тоа е нешто со што 38-годишната ѕвезда - највозрасниот син на глумците Паулета и Дензел Вашингтон и поранешен рагбист, конечно се помирил, изјави тој за „Си-би-ес“ во новото интервју. - Морам да разберам дека би можел да ја имам најдобрата игра, кариера... Епитетот секогаш ќе биде тоа што е... Значи, да се обидеш да докажеш нешто некому е луда задача, вели тој. Но, Џон Дејвид на почетокот, вели, имал отпор кон тоа - да ги следи актерските стапки на неговите родители. - Не изгледаше толку едноставно само да се продолжи со тоа... Мајка ми е исклучително талентирана уметничка, а татко ми е еден од најголемите на сите времиња. Тој е мојот омилен глумец!, изјави помладиот Вашингтон. Така, тој ја насочи својата енергија во играњето американско рагби за Колеџот „Морхаус“, а подоцна и за Обединетата фудбалска лига. - Она што ме мотивираше, навистина, е независноста - моето име. Можев да ја носам сопствената тежина во мојот живот, иако криев што навистина сакам да направам. Тоа ми даде идентитет. Покрај тој идентитет, чувствував дека рагбито ќе го промени тој наратив да се биде син на одреден двократен „оскаровец“, вели глумецот-сортист. И додека помладиот глумец се надева дека еден ден и тој ќе има свое дете кое ќе го понесе името Вашингтон, тој не се опседнува со тоа - дали некогаш ќе го засени својот славен татко. - Не. Не го гледам тоа како реалност за мене. Тој (Дензел, з.п.) е поголем од животот. Така што - не. Не можам!, вели Џон Дејвид. Помладиот глумец, годинава и следната, е актуелен со комедијата „Амстердам“ и научнофантастичната драма „Вистинска љубов“ што е во постпродукција.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан