• недела, 22 декември 2024

Џозеф Кан е новиот извршен уредник на Њујорк тајмс 

Џозеф Кан е новиот извршен уредник на Њујорк тајмс 

Вашингтон, 19 април 2022 (МИА) - Џозеф Ф. Кан, добитник на Пулицерова награда и дописник на „Њујорк тајмс“ од Кина ќе биде новиот извршен уредник на весникот, соопшти денеска изданието. 

Кан во весникот работeл како раководен уредник кој помогнал во преминот од печатена во дигитална форма на „Њујорк тајмс“. 

Извршен уредник е втора по важност уредничка позиција во „Њујорк тајмс“ и една од најмоќните функции во американските медиуми и глобалниот информативен бизнис. Тој доаѓа на местото на Дин Бејкет, кој на позицијата раководеше осум години. 

Соопштението за назначувањето на Кан за нов извршен уредник беше пратено денеска од Еј Џи Салзбергер, издавачот на медиумскиот конгломерат „Тајмс“. 

- За многу луѓе, посебно за оние кои работеле со Џо, брилијантен новинар и храбар и принципиелен лидер, ова соопштение нема да биде изненадување. Тој има беспрекорен суд за новостите, софистицирано разбирање за силите кои го обликуваат светот и долга историја на помош што ја дава на новинарите за да ја продуцираат својата најамбициозна и најхрабра работа, рече Салзбергер во соопштението. кб/паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан