• недела, 22 декември 2024

Џеј Ло: 2022-та беше една од најдобрите години во мојот живот

Џеј Ло: 2022-та беше една од најдобрите години во мојот живот

Лос Анџелес, 4 јануари 2023 (МИА) - Џенифер Лопез на Инстаграм објави дека минатата 2022 година била една од најдобрите години во нејзиниот живот. Тоа, проследено со досега невидени фотографии од венчавката со Бен Афлек во август.

Во описот, таа напиша: „2022 беше една од најдобрите години досега!!! Едвај чекам што сѐ ќе се случи оваа година“.

Џенифер се омажи за Бен во неговата вила во Џорџија (САД), вредна 8,9 милиони долари, на 20 август. Џенифер и Бен, инаку, првпат се запознаа 2002. и беа во врска до 2004 година, но тогаш им се разделија патиштата.

Бен потоа се ожени со глумицата Џенифер Гарнер, со која ги има децата Вајолет (17), Серафина (13) и Семјуел (10), но брачната двојка се раздели во 2018 година. Лопез се омажи за латино-пејачот Марк Ентони во 2005 година и ги доби близнаците Ем и Макс (14) три години подоцна. Се разведоа во 2014 година.  си/ссм/

Остани поврзан