Џеј Ди Венс утре во Велика Британија на средба со шефот на дипломатијата
Лондон, 7 август 2025 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, утре ќе го прими американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој е во Велика Британија на приватен одмор, објави британската дипломатија.
Се додава дека ќе разговараат за заедничките приоритети и билатералните односи.
Британските медиуми веќе неколку недели известуваат за плановите на Венс и неговото семејство за одмор во англиската природа, поточно во Котсволдс на југозападна Англија.
Таа посета следува по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги посети своите два голф-центри во Шкотска кон крајот на јули. зш/