• четврток, 21 ноември 2024

Џеј Ди Венс: Трамп не ги загуби изборите во 2020 година

Џеј Ди Венс: Трамп не ги загуби изборите во 2020 година

Вашингтон, 17 октомври 2024 (МИА) - Републиканскиот кандидат за американски потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп не загубил на претседателските избори во 2020 година, по неколку недели избегнување да одговори на прашањето.

„За време на изборите во 2020 година, на ова прашање директно одговорив милион пати. Не! Мислам дека имаше сериозни проблеми во 2020 година. Значи, дали Доналд Трамп ги загуби изборите во 2020 година. Тоа не се зборови што би ги употребил“, рече Венс за време на говорот на предизборниот митинг во Пенсилванија.

За време на дебатата со демократскиот потпретседателски кандидат Тим ​​Волц претходно овој месец, Венс избегна да одговори на директно прашање дали Трамп ги загуби изборите во 2020 година, велејќи дека тој е некој што е „фокусиран на иднината“.

Волц оцени дека тоа „не е одговор“.

Трамп, републиканскиот кандидат за претседател во 2024 година, продолжува да тврди дека ги загубил изборите во 2020 година поради масовна гласачка измама, став што го делат милиони негови поддржувачи, а бројните истраги не нашле докази за измама.

За време на неговата сегашна кандидатура за претседател, Трамп посочи дека ќе ги оспори резултатите доколку не победи на изборите на 5 ноември против демократката Камала Харис, потпретседателка на САД. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан