• петок, 27 декември 2024

Џеф Безос на 5 јули заминува од местото извршен директор на Амазон

Џеф Безос на 5 јули заминува од местото извршен директор на Амазон
Лос Анџелес, 26 мај 2021 (МИА) - Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, на состанокот на акционерите изјави дека на 5 јули ќе ја напушти функцијата, јави Блумберг. Позицијата извршен директор ќе му припадне на Енди Џеси, кој сега е на чело на „Amazon Web Services“, што се чуваат на клауд. Безос ќе стане извршен претседател на компанијата и ќе се фокусира на нови проекти и иницијативи. Уште во февруари годинава Безос објави дека ќе ја напушти функцијата извршен директор до крајот на 2021 година, но не прецизираше кога точно тоа ќе се случи. Овој 57-годишен претприемач ја основал Амазон во 1994 година. Оттогаш, тој стана најбогатиот човек во светот. Неговото богатство се проценува на околу 177 милијарди долари. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан