• вторник, 19 ноември 2024

Џерард ќе оди во Дортмунд да разговара со Белингем за преселба во Ливерпул

Џерард ќе оди во Дортмунд да разговара со Белингем за преселба во Ливерпул

Лондон, 21 јануари 2023 (МИА) - Поранешниот играч за врска на Ливерпул, Стивен Џерард сака фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем да се пресели во англискиот клуб.

- Се што треба да направи е да ми даде датум кога ќе биде слободен и јас ќе одам во Дортмунд за да разговарам за преселба во Ливерпул, го цитира „Goal“ Џерард.

Деветнаесетгодишниот фудбалер беше поврзуван со многу големи клубови, вклучувајќи ги Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер сити и Челзи. Сепак, Борусија се уште не сака да го пушти.

Оваа сезона играчот од средниот ред одигра 22 натпревари за клубот од Дортмунд, постигнувајќи девет голови и три асистенции. Неговиот договор е до летото 2025 година.

Порталот Трансфермаркт го цени играчот на 110 милиони евра. зс/

Остани поврзан