• петок, 22 ноември 2024

Џенрик: Посетителите кои поттикнуваат антисемитизам ќе бидат протерани

Џенрик: Посетителите кои поттикнуваат антисемитизам ќе бидат протерани

Лондон, 25 октомври 2023 (МИА) - Британскиот министер за имиграција Роберт Џенрик сугерираше дека посетителите во земјата ќе бидат протерани доколку поттикнуваат антисемитизам, дури и ако нивното однесување е „под криминалниот стандард“.

Џенрик рече дека не може да навлегува во „конкретните случаи“ на иматели на визи чие однесување се разгледува, велејќи дека има „правен процес што мора да се следи“, но истакна дека некои луѓе биле видени како „глорифицираат терористички активности и го фалат Хамас“.

Ова уследи откако тој во вторникот изјави во Парламентот дека процесот на укинување на визите и протерување на странски државјани кои шират „омраза и поделби веќе започна во мал број случаи“. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан