• петок, 05 декември 2025

Џенифер Лопез се соочи со „неочекуван додворувач“ на сцената

Џенифер Лопез се соочи со „неочекуван додворувач“ на сцената

Алмати, 11 aвгуст 2025 (МИА) - Американската кантавторка Џенифер Лопез доживеа мала непријатност на концерт во Алмати, Казахстан. Имено, скакулец слета врз неа, ѝ се искачи до вратот, а снимката собра десетици илјади допаѓања на социјалните мрежи.

Пејачката продолжи смирено со песната, иако скакулецот ја скокоткаше на вратот - како што и самата призна. Не дозволи инсектот да ѝ го одвлече вниманието, го отстрани со прстите, па доста одважно и професионално ја реши непредвидената состојба и го приврши настапот.

Лопез објави снимка од случката прво на нејзините фан-страници, а потоа и на своите профил.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by On The JLo (@onthejlo)

„Го реши како професионалка“, „Одлично се снајде, јас ќе се онесвестев онаму“, „Среќна бубачка“, „Да ми се случеше ова мене, ќе врескав“ - се дел од коментарите на следачите.

Џеј Ло ја продолжува својата турнеја „Up All Night: Live in 2025“ во хотелот „Кала ди Волпе“ (Cala di Volpe) на италијанскиот остров Сардинија.  си/

Фото: „Инстаграм“, фотоисечок.

Остани поврзан