Џаферовиќ од 20 март ќе претседава со Претседателството на БиХ
- Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ на 20 март ја презема функцијата претседавач, соопшти денеска Претседателството на БиХ

Сараево, 18 март 2022 (МИА) - Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ на 20 март ја презема функцијата претседавач, соопшти денеска Претседателството на БиХ.
Џаферовиќ ќе претседава со претседателството во следните осум месеци.
Неговото именување е по принципот на ротација и тој ќе го замени досегашниот претседавач Жељко Комшиќ.
Ротацијата на членовите на Претседателството на функцијата претседавач е утврдена со Уставот на БиХ. ми/