• четврток, 18 јули 2024

Ќе се чисти Паркот на новинарите

Ќе се чисти Паркот на новинарите
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Во рамки на еколошка акција, денеска со почеток во 11 часот ќе се чисти Паркот на новинарите во Скопје. Проектниот тим на Сојуз - Национален совет за родова рамноправност ја организира оваа еколошка акција во рамки на проектот „Визија, мисија и стратегија на Национален совет за родова рамноправност“. - Целта на еколошката акција е облежување на Светскиот ден на глобално чистење, што се обележува секоја трета сабота во септември. Но, поради најавениот дожд за време на викендот тимот на НСРР одлучи да го обележи овој ден во четврток, соопшти организаторот. мд/вг/

Остани поврзан