• петок, 22 ноември 2024

Ќе се уредува уште еден дел од коритото на Крива Река

Ќе се уредува уште еден дел од коритото на Крива Река
Крива Паланка, 30 јуни 2021 (МИА) - Со средства од Министерството за животна средина  и просторно планирање и локалната самоуправа на Општина Крива Паланка ќе се уреди уште еден дел од коритото на Крива Река, во должина од двесте метри. -Продолжуваме со уредување на централното градско подрачје. Потпишан е договорот за регулација на Крива Река, дел 3, од делот во централното градско подрачје кон Осички Мост во должина од 200 метри. Изведувач на работите е Лабино Трејд ДООЕЛ од Гостивар, а работите треба да завршат до крајот на летото. Проектот се реализира со вкупен грант во висина од безмалку четири милиони денари, обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање и од сопствени извори. По оваа фаза, во најскоро време, ќе следи уште една во која ќе се продолжи со изградба на минор-коритото кон спортскиот центар, за што во тек е подготовка на тендерската документација, информира градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Со друг инфраструктурен објект, дел од проектот „Регулација на дел од минор коритото на Крива Река –дел 1“ во завршна фаза е изградбата на коритото на Крива Река во должина од 926 метри, на потегот од Големиот мост до населба Бегови Бавчи. Оваа инвестиција изнесува околу 19 милиони денари без ДДВ, а средствата се обезбедени преку Министерство за финансии и Светска банка. ид/аа/

Остани поврзан