• вторник, 23 јули 2024

Ќе започнат предавања по веронаука за деца во „Свети Кирил и Методиј“

Ќе започнат предавања по веронаука за деца во „Свети Кирил и Методиј“
Тетово, 16 јануари 2020(МИА) - Во Соборниот митрополитски храм „Свети Кирил и Методиј" во Тетово ќе започнат предавања по веронаука за деца од 10 до 15 години, информираат од тетовско-гостиварската епархија. Часовите ќе ги одржува отец Илија Деспотовски. -Со благослов на неговото високопреосвештенство митрополит Тетовско-гостиварски господин Јосиф на верниците им нудиме веронаука за нивните деца. Пријавувањето е во текот на овој месец, а предавањата ќе започнат од средината на февруари. Предавањата ќе се одржуваат во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во текот на целата година и ќе се одржуваат секоја втора сабота или два пати месечно, изјави отец Илија Деспотовски. Пријавувањето е кај професорот по веронаука отец Илија Деспотовски или во црквата „Свети Кирил и Методиј“.ас/ир

Остани поврзан