Њукасл ќе плати 80 милиони евра за Шешко
- Премиерлиашот сака да го ангажира напаѓачот на Лајпциг, Бенџамин Шешко, објави „Скај Германија“.
Берлин, 26 јули 2025 (МИА) – Премиерлиашот сака да го ангажира напаѓачот на Лајпциг, Бенџамин Шешко, објави „Скај Германија“.
Англискиот клуб може да потроши околу 80 милиони евра за да го купи 22-годишниот Словенец.
Шешко игра за Лајпциг од 2023 година.
„Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на фудбалерот на 70 милиони евра.
Во сезоната 2024/25, Шешко играше на 45 натпревари, постигна 21 гол и имаше шест асистенции. зс/
Фото: ЕПА