• четврток, 06 март 2025

Њукасл без дефанзивецот Хол до крајот на сезоната

Њукасл без дефанзивецот Хол до крајот на сезоната


Њукасл, 5 март 2025 (МИА) – Левиот бек на Њукасл, Луис Хол ќе го пропушти остатокот од сезоната по повредата на коската на стапалото, објави денеска премиерлигашот.
„По извршеното скенирање и советот на специјалистичкиот тим, Луис ќе биде опериран пред периодот на рехабилитација со медицинскиот тим на клубот“, се вели во соопштението на Њукасл.
Њукасл, шестопласиран на табелата во Премиер лигата, со три бодови помалку од четвртопласираниот Манчестер Сити по 27 кола, следниот првенствен натпревар го игра на гостувањето кај Вест Хем Јунајтед в понеделник.
Повредата на 20-годишниот англиски репрезентативец доаѓа додека Њукасл се бори да обезбеди пласман во Лига Европа или Конференциската лига и има шанса да го освои својот прв голем трофеј од 1955 година, кога на 16 март ќе игра со Ливерпул во финалето на Лига купот на Вембли. ег
ФОТО: ФК Њукасл/Фејсбук

Остани поврзан