Љафтов во новата сезона ќе настапува во кувајтски Бурган
- Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов во новата сезона ќе го носи дресот на кувајтската екипа Бурган
Кувајт Сити, 17.септември 2025 (МИА) – Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов во новата сезона ќе го носи дресот на кувајтската екипа Бурган. Тој имаше и официјално претставување во новиот клуб, воедно екипа која ланската сезона ја заврши како вицешампион во својата држава.
Претходната сезона Љафтов беше член на грчки ПАОК, каде беше и под тренерската палка на македонскиот селектор Јошко Миленковски. Репрезентативецот е веќе во тренажен процес и се адаптира на новите соиграчи.
Репрезентативецот досега како интернационалец има настапувано во Бугарија, Србија, Турција, Италија, Хрватска, Кипар, како и Саудиска Арабија и ОАЕ, а негов матичен клуб е Струмица. мн/
Фото: ОФМ