• петок, 22 ноември 2024

Јулија Навални зборува пред Советот за надворешни работи на ЕУ

Јулија Навални зборува пред Советот за надворешни работи на ЕУ

Брисел, 19 февруари 2024 (МИА) - Сопругата на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија Навални денеска зборува зад затворени врати пред Советот на ЕУ за надворешни работи.

„Изразивме длабоко сочувство до Навални“, напиша на мрежата Икс првиот човек на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој претседава со состанокот.

„Режимот на Путин ќе сноси одговорност за смртта на Навални“, додаде тој.

„Како што рече Јулија, Путин не е Русија. Русија не е Путин. Ќе продолжам да го поддржувам граѓанското општество и независните медиуми во Русија“, истакна Борел. паг/

Фото: ЕУ

Остани поврзан