• понеделник, 25 ноември 2024

Јузова: Чешкото претседателство смета дека раздвојувањето само ќе му даде легитимитет на бугарското вето

Јузова: Чешкото претседателство смета дека раздвојувањето само ќе му даде легитимитет на бугарското вето
Скопје, 8 јули 2022 (МИА) - Чешка и други земји-членки на ЕУ се вознемирени поради францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија, изјави Јана Јузова, истражувач во чешкиот институт Еуропеум, во своето онлајн обраќање на форумот Еуропеум 2022 - „Западен Балкан и ЕУ во 2022 година: што претстои?“, во организација на Институт за европска политика (ЕПИ). Зборувајќи за практичните предизвиците во однос на Западен Балкан со кои ќе треба да се справува Чешка за време на претседателство со ЕУ, Јузова рече дека Чешка и мнозинството земји-членки ги гледаат сериозните проблеми во францускиот предлог и разбираат зошто е толку тешко за Северна Македонија да го прифати. - Според она што го слушнавме од чешкото МНР тие се многу вознемирени со Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји-членки. Била консултирана само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина, рече Јузова. Чешкиот пристап, според Јузова, ќе биде да се направи колку е можно помала штета, некако да се ублажат негативните ефекти и, како што рече да се осигура дека ова нема да биде траен преседан. - Дури и да се постигне компромис, тоа нема да биде нешто со што Северна Македонија ќе биде среќна и може само да шпекулираме за последиците што ќе ги име. Ние мора да се осигураме дека ова нема да стане преседан кој ќе го користат и други земји-членки кон кандидати, рече Јузова. Повикувајќи се на информации од чешкото претседателство со ЕУ, Јузова рече дека и доколку Скопје го одбие францускиот предлог, Прага воопшто не размислува да ги раздвои Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ. - Чешкото претседателство смета дека раздвојувањето само ќе му даде легитимитет на бугарското вето. Не се согласуваме со аргументите на некои други земји кои сметаат дека натамошната блокада на Албанија ќе го дестабилизира регионот, напротив сметаме дека ќе го зголеми притисокот врз Бугарија и ќе ја зголеми солидарноста меѓу земјите во регионот, рече Јузова. аа/ац/

Остани поврзан