• петок, 22 ноември 2024

Јужнокорејски активисти испратија пропагандни летоци во балони до Северна Кореја

Јужнокорејски активисти испратија пропагандни летоци во балони до Северна Кореја

Сеул, 6 јуни 2024 (МИА)  - Активисти од групата што ги собира севернокорејските граѓани кои пребегнаа во Јужна Кореја објавија дека денеска преку границата испратиле околу 10 големи пластични балони со пропагандни летоци против севернокорејскиот режим.

 Шефот на групата „Борци за слободна Северна Кореја“ (ФФНК) Парк Санг-хак изјави дека балоните биле испратени од градот Почеон, северно од главниот град на Јужна Кореја, Сеул и содржеле 200.000 флаери со кои се критикува севернокорејскиот режим, како и УСБ-стикови со поп музика, објави агенцијата Јонхап.

Северна Кореја во текот на минатата и оваа недела во Јужна Кореја испрати речиси 1.000 балони со ѓубре, соопштувајќи дека е тоа одговорот до Пјонгјанг за испраќањето пропагандни летоци од Јужна Кореја против нив.

ФФНК испрати балони преку границата, иако таквите дела се забранети во Јужна Кореја според законот донесен во времето на претходната влада за намалување на тензиите во пограничните региони.сд/

 

Остани поврзан