• недела, 24 ноември 2024

Јужнокорејскиот претседател се извини за скандалите на неговата сопруга

Јужнокорејскиот претседател се извини за скандалите на неговата сопруга

Сеул, 8 ноември 2024 (МИА) – Претседателот на Јужна Кореја се извини за низата скандали поврзани со неговата сопруга, вклучително и наводно прифаќање луксузна чанта Диор и манипулација со акции.

Во телевизиско обраќање до нацијата, Јун Сук-Јол призна дека неговата сопруга Ким Кеон-хи требало да се однесува подобро, но нагласи дека некои од обвинувањата против неа се „претерани“.

Тој најави дека ќе формира канцеларија која ќе ги надгледува службените должности на првата дама, но го одби повикот да ги истражи нејзините активности.

Извинувањето на Јун доаѓа додека тој се обидува да ја промени својата опаѓачка популарност меѓу јужнокорејската јавност, јави Би-Би-Си. јт/

Остани поврзан