Јужноафриканскиот парламент ја повика владата да ја затвори израелската амбасада
- Парламентот на Јужна Африка усвои резолуција, која ја нарекува „држава апартхејд“, со која се бара владата да ја затвори амбасадата на Израел.
Јоханесбург, 21 ноември 2023 (МИА) - Парламентот на Јужна Африка усвои резолуција, која ја нарекува „држава апартхејд“, со која се бара владата да ја затвори амбасадата на Израел.
Мнозинството од 248 членови на Националното собрание гласаа за необврзувачката резолуција насловена „Затворање на израелската амбасада во Јужна Африка и суспензија на сите дипломатски односи со Израел“ на пратеникот Јулиус Малема од опозициската партија ЕФФ.
За резолуцијата гласаше и владејачкиот Африкански национален конгрес. Но, 91 пратеник од опозициските партии гласаа против.
Владата не е законски обврзана да постапи по предлогот. мс/
фото: МИА архива