• понеделник, 23 декември 2024

Јужноамериканците бараат да се промени работата на ВАР

Јужноамериканците бараат да се промени работата на ВАР
Луке, 30 јули 2021 (МИА) - Судискиот комитет на Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) побара од ФИФА да направи две значајни измени во протоколот со кој се регулираат условите за работа на видео-судиите. Првата се однесува на времето на одигрување на натпреварот. Предложено е да се запре играта кога ќе интервенираат видео асистенти, а судијата ќе го провери видеото. Честопати судијата додава некое време подоцна, но не ги покрива целосно привремените загуби. Сопирањето на часовникот го решава овој проблем. Втората иновација е да им се дозволи на тимовите да бараат ВАР-проверка одреден број пати за време на натпреварот. Јасно е дека ваквите драстични промени ќе бараат дискусија и тестови на некои турнири. Но, барем втората измена сигурно ќе им се допадне на фудбалските клубови. зс/

Остани поврзан