• недела, 29 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јужна Кореја успешно лансираше воен шпионски сателит од вселенска база на Флорида

Јужна Кореја успешно лансираше воен шпионски сателит од вселенска база на Флорида

Сеул, 22 април 2025 (МИА) - Јужна Кореја успешно го лансираше четвртиот воен шпионски сателит од вселенската база на Флорида во Соединетите Американски Држави, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека со лансирањето на новиот сателит, официјален Сеул се обидува да ги зајакне своите независни способности за следење на Северна Кореја, пренесува агенцијата Јонхап.

„Шпионскиот сателит полета според планираното со транспортна ракета во понеделникот во 20:48 часот по американско време од вселенското пристаниште Кејп Канаверал на Флорида и беше лансиран во орбитата во 21:03 часот, помалку од 15 минути по полетувањето“, се вели во соопштението на јужнокорејското Министерство. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан