• петок, 22 ноември 2024

Јужна Африка затвора четири приватни универзитети поради бројни малверзации

Јужна Африка затвора четири приватни универзитети поради бројни малверзации

Јоханесбург, 27 март 2024 (МИА) - Владата на Јужна Африка нареди затворање на четири приватни универзитети, откако беше откриено дека објавиле лажни резултати од испитите и не ги доставиле своите финансиски извештаи, објави денеска Министерството за образование на земјата. јавува Би-Би-Си.

Министерот за образование Блејд Нзиманде во својата изјава истакна дека во тек е голема истрага за тие Универзитети кои ги нарече „нефункционални“ поради големиот број поплаки од студенти и вработени, кои во голема мера останаа „нерешени“. .

Многу студенти се пожалија на лошиот квалитет на наставата, недостигот на поддршка и професионалност.

Дополнително, тие универзитети не доставија годишни финансиски извештаи и не добија даночни потврди за да ја докажат нивната финансиска одржливост. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан