• вторник, 25 јуни 2024

Јувентус му нуди договор на Дибала вреден осум милиони евра годишно

Јувентус му нуди договор на Дибала вреден осум милиони евра годишно
Торино, 21 февруари 2022 (МИА) – Раководството на Јувентус и напаѓачот Пауло Дибала ги продолжуваат преговорите за нов договор. Според „Calciomercato.com“, клубот е подготвен да му ги понуди на фудбалерот условите договорени во октомври - осум милиони евра по сезона плус 2-3 милиони во форма на различни бонуси. Но, раководството бара агентот на Дибала, Хорхе Антун, да се откаже од значителен дел од провизијата за договорот. Актуелниот договор на аргентинскиот фудбалер со клубот истекува во летото 2022 година. Дваесет и осумгодишниот напаѓач оваа сезона забележа 27 настапи за Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и шест асистенции. зс/

Остани поврзан