• недела, 22 декември 2024

ЈП „Чистота и Зеленило“ почнува акции за пошумување во градскиот, соколанскиот парк и кеј во Куманово

ЈП „Чистота и Зеленило“  почнува акции за пошумување во градскиот, соколанскиот парк и кеј во Куманово

Куманово, 6 ноември 2024 (МИА) - ЈП „Чистота и зеленило“ од утре почнуваат со акции за пошумување и ќе трае наредните два месеци, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Обезбедени се 1.815 садници, кои ќе бидат насадени во градскиот парк, кејот, соколанскиот парк.Садењето ќе се проведе во четири етапи, првата фаза почнува во градскиот парк. екипите ќе насадат шестотини зимзелени садници. Во наредниот период ќе се садат листопадни и зимзелени садници на градскиот кеј, а во соколански парк и повторно во градскиот парк.

- Садниците се обезбедени преку прекугранична соработка. Имаме и дополнителни садници наше производство кои ќе се садат на повеќе локации. Ги замолуваме граѓаните да не ги корнат. Од нашите садници претежно се грмушки, перени, листопадни и зимзелени садници, изјави директорот на ЈП, Ненад Стојановски.

Уништувањето на садниците е честа појава во Куманово, додаваат надлежните и апелираа проактивно дејствување на инспекциските и службите на МВР за санкционирање на несовесните кумановци.

Општина Куманово во текот на оваа година спроведе една јавна набавка за набавка на садници во износ од милион денари во мај годинава. Куманово за мерки против аерозагадувањето одвојува најмногу средства во државата. Како долгорочни се сметаат гасификацијата и пошумувањето.

Претходно, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски најави повеќе средства секоја година за борба против аерозагадувањето. За наредниот период тој најави дека обезбедени висококвалитетни листопадни брзорастечки садници кои ќе се садат во зони и ќе се формираат зелени зони.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 27 седница ја дополни Одлуката забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и изл

Кумановци веќе се пожалија на непријатна миризба на одредени моменти од почетокот на грејната сезона и надминување на гранични вредности, особено во ноќните часови. Непријатен мирис најмногу се чувствува покрај булеварот „Октомвриска револуција“. Од кумановската општа болница потврдија дека е зголемен напливот на пациенти. Специјалист по интерна медицина во болницата, Нора Господинова Николовска вели дека зголемен е бројот на пациенти кои бараат помош за здравствени тегоби предизвикани од аерозагадувањето кои се жалат на отежнато дишење, тежина во градите, сува кашлица изразена во ноќните часови.

Согорувањето на биомаса има најголемо учество во аерозагадувањето во Куманово, покажал мониторингот за квалитетот на воздухот кој изминатиов период се спроведуваше во рамки на проектот „Справување со аерозагадувањето“. Покрај затоплувањето, во аерозагадувањето учествува и сообраќајот, во помала мера согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли. Најголеми пикови на аерозагадување се евидентирани во периодот декември-јануари. ам/сст/


Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан