• среда, 16 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЈП „Чистота и Зеленило“ - Куманово доби два милиони денари за обележување на хоризонтална сигнализација на јавни прометни површини

ЈП „Чистота и Зеленило“ - Куманово доби два милиони денари за обележување на хоризонтална сигнализација на јавни прометни површини

Куманово, 11 април 2025 (МИА) - Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ - Куманово од идната недела ќе почне со обележување на хоризонталната сигнализација, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Оттаму велат дека поради временските услови го одложиле обележувањето.

Кумановци реагираат дека е избледена бојата на пешачките премини, несовесни возачи воопшто не  ги почитуваат и не ги пропуштаат пешаците.

- Имаме специјализирана екипа за таа работа, која се обучува, имаме и специјализирана машина според сите параметри, станува збор за одлично обележување. Наидуваме на извесен проблем со бојата која ја набавуваме, минатата година по тендерска постапка набавивме солидна боја, самата има многу краток век, односно избледува. Оваа година сме во план и веќе сме во постапка на еден посебен тип на обележување, ќе видиме дали ќе го спроведеме, на принцип на пластика, за таа работа ќе го обучуваме тимот и ќе продолжиме да обележување поквалитетно, изјави директор на ЈП „Чистота и зеленило“, Ненад Стојановски,

При редовното обележување на пешачките премини приоритет секогаш се улиците во близина на училиштата и градинките. Претпријатието има делегирана надлежности по програма на општина Куманово.

- За таа цел и намена имавме определено два милиони денари, изјави Стојановски.

Самата хоризонтална сигнализација опфаќа бојадисување на пешачките премини, исцртување на полуиспрекинатите коловозни ленти, означување на автобуските постројки, го опфаќа и централното градско подрачје и приградските населби. ам/цр


Фото: МИА архива

Остани поврзан