• недела, 19 мај 2024

ЈП Лајка ќе заловува кучиња во општина Гази Баба

ЈП Лајка ќе заловува кучиња во општина Гази Баба

Скопје, 14 август 2023 ( МИА) - Заловувачкиот тим на ЈП Лајка  ќе започне со двонеделно стратешко заловување на кучиња во општина Гази Баба.

-Во периодот од 31 јули до 4 август, тимот заловуваше во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово, додека, пак, во периодот од 7 до 11 август, во реоните: Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци, а интервентно  се постапуваше во останатите скопски општини, информираат од ЈП Лајка.

Од тимот велат дека во овој период заловени се вкупно 58 кучиња. љм/са/

Фото: ЈП Лајка

Остани поврзан