• петок, 22 ноември 2024

ЈП Комунална хигиена - Скопје секојдневно машински ги мие булеварите и улиците во сите скопски општини

ЈП Комунална хигиена - Скопје секојдневно машински ги мие булеварите и улиците во сите скопски општини

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) - ЈП Комунална хигиена-Скопје во изминатиов период континуирано спроведува  машинско миење на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со употреба на автоцистерни. Овој вид на одржување на хигиената на сообраќајните површини се одвива во доцните ноќни часови, односно во рамките на третата оперативна смена, кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци, информираат од јавното претпријатие. 

Согласно Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на градот Скопје, активностите за машинско миење со автоцистерни, велат од претпријатието, се реализираат седум дена во неделата, исклучиво во летниот период, на булеварите и на улиците што се во надлежност на Градот Скопје.

Воедно, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно спроведуваат машинско и рачно миење и метење на најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје – улицата и плоштадот Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје, Кејот „13-ти Ноември“ како и Старата скопска чаршија. сст/са/

 

 

Остани поврзан