• вторник, 27 јануари 2026

ЈП „Комунална хигиена“: Лани собрани 21.995 кубни метри отпад од диви депонии, што поскоро закон за формирање комунална полиција

ЈП „Комунална хигиена“: Лани собрани 21.995 кубни метри отпад од диви депонии, што поскоро закон за формирање комунална полиција

Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - Подигнати и транспортирани биле вкупно 21.995 кубни метри отпад од стотици диви депонии лоцирани во скопските општини во текот на 2025 година, од страна на екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје. Претпријатието нема ингеренции на терен да ги санкционира прекршителите на Законот за јавна чистота и од тие причини апелира што поскоро на сила да стапи закон за формирање комунална полиција, како најефикасен начин да се превенира загадувањето на животната средина и да се заштити јавното здравје, се нагласува во денешното соопштение од ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје..

Најголемо количество непрописно одложен отпад било отстрането во скопските општини Центар и Чаир.

- Екипите на претпријатието речиси секојдневно интервенираа на неколку локации каде што се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини, најчесто на  булеварот „Никола Карев“ - „Пластичарска улица“, на аголот со улицата „Максут Садик“, веднаш крај детското игралиште, каде што континуирано се отстрануваа големи количества непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад, се посочува во соопштението.

Во текот на минатата година, еко-патролата на претпријатието врачила 607 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад.

Најголем број записници - вкупно 227, се изготвени во скопската општина Чаир. бд/са/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан