ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со отстранување на дивите депонии во општините Бутел и Чаир
- Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје синоќа продолжиле со реализација на активностите за расчистување на дивите депонии во скопските општини Бутел и Чаир.

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје синоќа продолжиле со реализација на активностите за расчистување на дивите депонии во скопските општини Бутел и Чаир.
Во општината Бутел, соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје, се отстранети приближно 30 кубни метри отпад од неколку диви депониии лоцирани на улицата Босна и Херцеговина, кај социјалните згради, како и на улицата Скоевска, во непосредна близина на Спортската сала во населбата Радишани.
- Подигнати се и транспортирани и околу 20 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Цветан Димов и Џон Кенеди во скопската општина Чаир, соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје. цр/са/
Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје