ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење
- Според неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, спроведен од Секторот за санитарна контрола, согласно добиените резултати од испитувањето, сите примероци одговараат на Прав

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Според неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, спроведен од Секторот за санитарна контрола, согласно добиените резултати од испитувањето, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Во период од 25 јануари до 29 јануари, Секторот за санитарна контрола зема 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Скопје. ки/са/