• понеделник, 23 декември 2024

ЈО: Пронајден полуавтоматски пиштол, истрага против лице претходно осудувано за учество во странска војска

ЈО: Пронајден полуавтоматски пиштол, истрага против лице претходно осудувано за учество во странска војска
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Осомничениот, на 5 ноември, како сопатник во автомобил на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неовластено држел полуавтоматско огнено оружје – пиштол „Токарев Т33“ со калибар 7,62Х25 мм, со една рамка и шест куршуми. Пиштолот го поседувал без довзола. -Особено имајќи го предвид фактот дека се работи за лице претходно осудувано за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации согласно член 322-а од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител нареди детален претрес на неговиот дом и одземање на електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење, информираат од Републичкото јавно обвинителство. Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​ сст/нд/

Остани поврзан