• петок, 22 ноември 2024

ЈО бара притвор за дилери на дрога во Тетово и Гевгелија

ЈО бара притвор за дилери на дрога во Тетово и Гевгелија

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) - Јавното обвинителство бара притвор за двајца дилери на дрога, едниот од Тетово, другиот од Гевгелија, кај кои биле пронајдени кокаин и хероин.

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 45 години за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

- На 8 ноември, во Мала Речица, осомничениот како совозач во автомобил држел 41,5 грама наркотична дрога кокаин, наменета за препродажба, информираат од ЈО.

Во Гевгелија пак, јавниот обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка за истото кривично дело против лице кое на паркинг просторот заради продажба држело наркотична дрога хероин спакувана во 23 најлонски омоти во зелена боја со количина од 3.47 грама, подготвени за продажба.

За двајцата осомничени, јавните обвинители до надлежните судови доставија предлози за определување мерка притвор. ир/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан