• петок, 22 ноември 2024

Јорк му ја одзеде титулата почесен граѓанин на принцот Ендрју

Јорк му ја одзеде титулата почесен граѓанин на принцот Ендрју
Лондон, 28 април 2022 (МИА) - Северниот англиски град Јорк му ја одзеде титулата почесен граѓанин на британскиот принц Ендрју. Локалните советници гласаа за укинување на титулата на вториот син на кралицата Елизабета Втора, која му беше доделена во 1987 година. - Титулата почесен граѓанин на нашиот прекрасен град им се доделува на оние кои го претставуваат најдоброто од Јорк. Несоодветно е принцот Ендрју на каков било начин да биде поврзан со нашиот град, истакна градскиот советник Дарил Смејли. Ендрју во февруари се спогоди со Вирџинија Џуфре, која го обвини за сексуално злоставување кога била тинејџерка. Шеесет и двегодишниот Ендрју не призна вина, кога се согласи на вонсудско спогодување и не е обвинет за кривично дело. Во случајот на Џуфре се најде и пријателството на принцот со покојниот Џефри Епштајн, финансиер и сексуален престапник, кого Вирџинија исто така го обвини за сексуално злоставување. бд/паг/    

Остани поврзан