• понеделник, 23 декември 2024

ЈКП Тетово не работи на дефектот поради непристапен терен

ЈКП Тетово не работи на дефектот поради непристапен терен
Тетово,10 јануари 2022 (МИА) - Од тетовското комунално претријатие информираат дека поради непристапен терен денеска нема да го можат да го санираат најновиот дефект на Лешничкиот водоснабдителен систем. Дефектот поради кој многу делови од градот се соочуваат со речиси целодневни прекини во водоснабдувањето, се наоѓа на 12,5 километри од пречистителната станица кај Лисец во правец кон месноста Лешница. Точната локација е најдена, но велат дека до таму мора и да се оди и пеш за да се однесе опрема и материјали за работа.
Таму каде што е дефектот нема пристапност, нема пат воопшто, исклучиво може пешки да се оди, над Бродец е тоа. Има одрони на земја и дел од цевката се гледа. Ние ќе се потрудиме што побрзо да се санира. Граѓаните колку што е можно да се стрпат. Во вакви услови какви што се сега, дали ќе успеат, но да најдат трпение и разбирање, дека навистина го правиме тоа што можеме. Денес не успеавме да стигнеме до таму, пробавме но тешко е затоа што има нови врнежи од снег. Ни се лизгаше возило на два пати и се одлучивме да се врати екипата да видиме утре дали ќе може да се стигне.  До 11 километар може со возило и после уште 1,5 километар пешки треба да се оди и да се носи опрема за работа, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на одделот Водовод при ЈКП Тетово.
За само десетина дена, ова е втор дефект кој ги остави тетовци без доволно вода. По санирање на првиот од 5 јануари, повторно е пукната цевка од овој систем, па ЈКП Тетово воведе пет часовни рестрикции. Иако целта е да се акумулира вода за рамномерно распоредување, сепак дел од жителите велат дека вода за пиење имаат само по два-три часа во денот.
- Природата на водоснабдувањето е индивидуална, не е колективна. Сега на пример нема проблеми во повисоките делови од Тетово и улицата 188 како најгорна точка од градот.  Се јавува проблем кај згради кои немаат хидрофори. Друг проблем е на пример ако била зграда со  3-4 ката и немале хидрофор, а сега имаат повеќе надградби, вода во тие станови без хидрофор не може да стигне, вели Шаќири.
Од ЈКП Тетово посочуваат дека немаат соодветни можности да се носи вода во цистерни до проблематичните места во градот затоа што нема сертифицирани систем за таква постапка. ас/фф/

Остани поврзан