• петок, 05 декември 2025

Јеменските бунтовници ослободија петмина вработени во ОН

Јеменските бунтовници ослободија петмина вработени во ОН

Женева, 20 октомври 2025 (МИА) - Обединетите нации денеска соопштија дека петмина од нивните вработени во јеменскиот главен град Сана, кои претходно беа заробени од бунтовниците Хути, се ослободени, додека на другите затвореници им е дозволено да се движат во зградата на ОН.

„Движењето во зградата во Сана е овозможено за 15 членови на меѓународниот персонал на ОН и тие се во контакт со надлежните субјекти на ОН и нивните семејства. Петмина членови на националниот персонал кои беа заробени на 18 октомври во истата зграда се ослободени“, се наведува во соопштението на ОН.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан