• понеделник, 23 декември 2024

Јелен: Исплатата на 4,5 милијарди долари американска помош за Украина ќе започне во наредните недели

Јелен: Исплатата на 4,5 милијарди долари американска помош за Украина ќе започне во наредните недели
Вашингтон, 22 ноември 2022 (МИА) - Исплатата на 4,5 милијарди долари економска помош од страна на САД за Украина ќе започне во наредните недели. Ова го соопшти американската министерка за финансии Џенет Јелен. Средствата, кои беа одобрени во септември како дел од поголема привремена сметка за трошоци (финансиска поддршка на украинските власти), беа насочени кон „зајакнување на економската стабилност и поддршка на основните јавни услуги“, објасни Јелен. Таа додаде дека другите донатори треба да ја зголемат и забрзаат својата помош за Украина додека земјата се брани од руската инвазија. паг/

Остани поврзан