• понеделник, 23 декември 2024

Јаревски: ЈП за одржување на магистрални патишта, Струмица и Центар купиле машини и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврдат дека е реално

Јаревски: ЈП за одржување на магистрални патишта, Струмица и Центар купиле машини и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврдат дека е реално

Скопје, 16 јануари 2024 

-Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта набавило машина за бележење и вилушкар за 250.000 евра.

Машини за бележење на улици и патишта кои и самите од СДС потенцираат дека можат да се купат за 2 до 3 илјади евра, ова јавно претпријатие ги платило 100 пати поскапо.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов од СДС исто така набавил машина за бележење на патишта за сума од 15.000 евра, односно 6 пати поскапо од тоа што самите СДС тврдат дека истата може да се набави. Воедно иста таква машина е набавена од општина Центар.

Директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, градоначалниците на Струмица и Центар, и двајцата од редовите на СДС купиле машини за бележење на патишта и до 100 пати поголема вредност од онаа за која тврдат дека може да се набават.

СДС тврди дека машини какви што купиле нивните функционери и за 250.000 евра, можат да се купат и за 2 до 3 илјади евра. Ова е сериозно обвинување, но и сериозно тврдење од страна на СДС, согласно тоа бараме од ЈО сериозно да ги истражи набавките на општините Струмица и Центар, како и на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.

Каде завршила разлика од стотина илјади евра во случајот со ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта? Во чии џебови се над 200.000 евра?

Каде завршија повеќе од  10.000 евра од набавките во Струмица и Центар?

Дали функционерите на СДС крадат преку машини за бележење на патишта?

ЈО веднаш да отвори истрага. Недомаќинското и криминално однесување  на СДС е на директна штета на граѓаните. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан