• петок, 22 ноември 2024

Јапонија ќе донира нов ултразвучен систем на гинекологија во Општа болница Струмица

Јапонија ќе донира нов  ултразвучен систем на гинекологија во Општа болница Струмица

Скопје, 3 март 2023 (МИА) - Јапонската амбасада и Јавната здравствена установа Општа болница Струмица денеска потпишаа договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP), кој има за цел да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија.

Грант договорот потпишан од амбасадорот на Јапонија Н.Е. Оцука Казуја и директорката на ЈЗУ Општа болница Струмица, д-р Катерина Кузмановска, има за цел да набави 4Д ултразвучен систем за Одделот за Гинекологија, во вкупен износ од 51.462 евра.

Според директорката на Општа болница Струмица, д-р Катерина Кузмановска, новиот ултразвучен систем ќе обезбеди поголема здравствена заштита на трудниците и новороденчињата во нашата болница и пошироко во југоисточниот регион.

Амбасадорот Оцука истакна дека јапонскиот народ е среќен и горд што му помага на македонскиот народ да има поквалитетни здравствени услови.

Како што соопштуваат од јапонската амбасада, преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 74 училишта и градинки, 66 здравствени установи и обезбеди 35 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општина.

Јапонија континуирано ја поддржува Северна Македонија во различни сектори, како инфраструктурен развој, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, култура, помош при природни катастрофи и бегалски кризи, како и итна помош која изнесува повеќе од 423 милиони евра, како и друга нефинансиска помош.фф/са/

Фото: Амбасада на Јапонија

Остани поврзан