• петок, 22 ноември 2024

Јанша: Ако Киев падне ќе има домино ефект во цела Источна Европа

Јанша: Ако Киев падне ќе има домино ефект во цела Источна Европа
Љубљана, 28 февруари 2022 (МИА) - Премиерот на Словенија, Јанез Јанша денеска за порталот Еуроактив изјави дека западните држави мора веднаш да го запрат рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи тоа ќе има последици за цела Источна Европа. - Јас сум 100 отсто уверен дека Русија нема да запре во Украина, ако падне Киев, следната цел се Молдавија, Грузија, ќе се појават проблеми во Западен Балкан, потоа следна цел ќе бидат балтичките земји, истакна Јанша, при тоа предупредувајќи на „домино ефект“ од руската инвазија. Словенечкиот премиер го спореди Путин со поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, истакнувајќи дека е можно да се очекуваат „истите ирационални чекори кога работите не одат според планот“. Јанша ги повика Словенците в среда да се приклучат на собирот во Љубљана за поддршка на Украина. ми/

Остани поврзан