• вторник, 27 август 2024

Јанчев: Село Сопот добива детска градинка 

Јанчев: Село Сопот добива детска градинка 

Кавадарци, 26 август 2024 (МИА) -  Село Сопот добива детска градинка, соопштија денеска од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Продолжуваат градежните работи за реконструкција и адаптација на објектот што ќе биде пренаменет во детска градинка на површина од 170 квадратни метри. Село Сопот ќе добие ново детско катче за најмалите и најмилите. Изведувач е фирмата „Бошкоски и Тошески инженеринг-Теракота Прилеп“, соопштија од Кабинетот на Јанчев. 

Оттаму појаснија за МИА дека градежните работи се инвестиција на Општината, со близу два ипол милиони денари со ддв. 

Градежните работи започнаа во првата половина на јули годинава. свд/мд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан