Јанчев : Осветлен скијачкиот центар во Михајлово
- Осветлен е скијачкиот центар во Михајлово, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на неговиот Фејсбук профил.

Кавадарци, 5 декември 2024 (МИА) - Осветлен е скијачкиот центар во Михајлово, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на неговиот Фејсбук профил.
- Се поставија 18 столбови во висина од 10 метри за осветлување на кои се поставени по 2 лед рефлектори од по 200W, на ски патеката и 1 столб со 4 лед рефлектори од 200W за осветлување на теренот, појасни тој.
Притоа додаде дека во моментов се поставува и ски лифтот со останатата опрема, со што, како што нагласи, проектот е во завршна фаза и се очекува скијачкиот центар да биде отворен до крајот на овој месец. свд/дма/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев