• четврток, 25 декември 2025

Јанчев: Владата му префрли на Кавадарци 2,079,689 денари за обесштетување земјоделци од врнежи од град 

Јанчев: Владата му префрли на Кавадарци 2,079,689 денари за обесштетување земјоделци од врнежи од град 

Кавадарци, 23 декември 2025 (МИА) - Владата му префрли на Кавадарци  2,079,689,00 денари за обесштетување земјоделци од врнежи од град, информираше денеска градоначалникот Митко Јанчев.

На својата фејсбук страница тој појасни дека се работи за штети од градобијни зрна врз земјоделските култури во 2024 година.

- Овие средства се наменети за обесштетување на земјоделците кои претрпеа штети. Средствата ќе бидат исплатени по целосна обработка и комплетирање на документацијата, во најкраток можен рок, соопшти Јанчев. свд/мч/

фото: МИА

Остани поврзан